Home » Extra 5 » Кои се “милениумците”?

Кои се “милениумците”?

koi se millenials

За младите луѓе едно време се употребуваа термините Генерација – „X“ и Генерација – „Y“. Во денешно време актуелна е кованицата „милениумци“, бидејќи тие се родени во годините пред и по настапувањето на новото илјадалетие. Младата генерација денес се нарекува и „постојано вклучена“, бидејќи се во постојан контакт меѓу себе преку мобилните телефони и други направи.

Универзитетот Илон во сојузната држава Северна Каролина и Проектот Пју – Интернет и американскиот живот, објавија студија за „милениумците“ и нивната иднина, базирана на разговорите со преку 1.000 стручњаци за современата технологија, научници и професори. Резултатите покажуваат дека младите Американци денес се хипер-поврзани. Тоа може да биде добро, но и лошо за нивната иднина.

Добрата страна е што „милениумците“ се остроумни, брзи и способни да извршуваат неколку задачи истовремено; на проблемите им пристапуваат со свежа глава и имаат речиси волшебна способност брзо да процесираат низ информациите, увидувајќи што е битно, а што не е.

Но, стручњаците ја наведуваат и лошата страна: стравуваат дека „постојано вклучената“ генерација е наклонета кон инстант-задоволство и брзи решенија за проблемите, дека лесно го губи трпението и дека и` недостига капацитет за подлабоко размислување. Ваквите констатации најверојатно нема да ги изненадат родителите на „милениумците“, кои од прва рака знаат за молскавичната брзина со која пребаруваат по Интернет, комуницираат, реагираат…

Ли Раини, директорот на Проектот Пју на сево ова коментира дека постои и реална загриженост дека не сите млади луѓе ги краси одликата на генерацијата – извонредната способност за комуникација преку новите медиуми. Тој стравува дека тоа може да доведе до „нови општествени и економски поделби“ меѓу Американците, на оние кои без проблем можат да ракуваат со најновите високотехнолошки измислици, и оние кои не можат.

Последните истражувања покажуваат дека “милениумската“ генерација брои околу 80 милиони млади луѓе и дека влијанието на оваа генерација константно бележи раст. Милениумската генерација до 2030 година ќе ја надмине генерацијата на бејби-бумери.  (во бејби-бумери се вбројуваат родените помеѓу 1946 – 1964 година).

Додека старите и новите сваќања на светот се спротивставуваат во сфаќањата на идеалистите од пост воената бејбибум генерација и напредната генерација Х родени во периодот од шеесеттите до средината на седумдесеттите, стигна новата генерација свртена кон информатичкото општество.Тоа ги прави потполно доминантни во светот во кој третата најголема држава на светот е Фејсбук.

Наспроти стереотипите дека милениумската генерација е мрзлива и неангажирана, милениумците се екстермно оптимисти во врска со можностите за бизнис и влијанието на глобалните промени. Тие побрзо од било која друга генерација би ги прикажале своите мислења и искуства online и би допринеле на тој начин. Дури 60% од милениумците го поминуваат времето оценувајќи ги производите и услугите, аплодираат видео слики и пишуваат блог.

За милениумската генерација, експерт не мора да биде некој кој задолжително поседува кредибилитет, некогаш побрзо би го слушнале мислењето на личност која има искуство од прва рака. Crowd-sourcing-от е популарен меѓу оваа генерација, а повеќе од половина милениумци изјавиле дека ги истражуваат брендовите преку социјалните медиуми.

Некои од прашањата кои милениумците ги поставуваат на интернет, а според истражувањето на Mashable на група испитаници од 18 до 35 година се: Што е Мем? Како да користам Pinterest? Како да сварам јајце? Како да ја врзам вратоврската? Тие се максимално свртени кон користење на социјалните мрежи, секогаш се во брзање, раснат, созреваат во дигиталното опкружување кое за нив е природно. Исто така, тие повеќе од која било друга генерација, ги користат своите телефони како би прочителе коментар во врска со некој производ или истражуваат за производот пред, но и за време на купувањето.

Еве неколку од нивните карактеристики:

  • Во тек со технологијата: Пораснати со технологија, Милениумците многу ја користат за да ја завршат подобро својата работа.
  • Ориентирани на семејството: Имаат различна визија за очекувањата на работното место и особено му даваат приоритет на семејството.
  • Ориентирани на постигнувања: Милениумците се сигурни, амбициозни, ориентирани на постигнувања и бараат предизвици во работењето. Имаат високи очекувања од нивните работодавци, сакаат работа што ги исполнува и каде може да учат.
  • Тимски ориентирани: Тие ја вреднуваат тимската работа и бараат инпут и потврда од другите. Тие се лојални, посветени и сакаат да бидат вклучени во проектите.
  • Желба за внимание: Тие постојано бараат повратна информација и да бидат водени. Често бараат пофалби. Може да имаат голема придобивка од ментори, кои можат да ги водат и да ја развиваат нивната кариера.

Извори: Глас на Америка (mk.voanews.com), Милениумци блог (https://mileniumci.wordpress.com), Маркетинг мрежа (www.marketingmreza.rs)

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365