Веројатно веќе чувте дека Марк Зукерберг деновиве е “малку“ во невоља после скандалот со компанијата „Кембриџ Аналитика“ која велат им користела податоци од Фејсбук за да прави стратегии и “бељи“ во корист на своите политички пулени.
Марк вика: “сега и јас разбрав, илегално го правеле тоа“…..а пред една недела си продаде така малку поголемо делче од акциите кои ги поседува во Фејсбук…дур држат цена се разбира :)
Вчера напиша статус во кој се обиде да ја прераскаже целата работа, како почнала и како се развивала (еве читнете ТУКА), а после тоа отиде и на интервју во CNN, во емисијата CNNMoney’s да одговори на некое прашање од новинарката Laurie Segall.
Во интервјуто, Г-дин Зукерберг, не заборави да спомене повторно за т.н. “fake news” и нивното влијание во политичките битки на американско тло, а кога се зборува за “fake news” се знае кој е главен :)
Интервјуто на Марк, можете да го погледнете во продолжение: