Home » Extra 5 » Кока-Кола потпиша спонзорски договор со виртуелен спортист и рекреираше една класична реклама

Кока-Кола потпиша спонзорски договор со виртуелен спортист и рекреираше една класична реклама

Алекс Хантер е еден од најпопуларните млади фудбалски играчи денес. Внук на познат британски фудбалер од 1960-те, тинејџерот се обидува да се пробие во силната англиска Премиер Лига. Милиони ја следеа неговата приказна минатата година, иако тој не е вистинска личност.

Хантер беше протагонистот во приказната “The Journey”, дел од видео играта FIFA 17 на EA, преку која фановите имаа можност да го напуштат теренот и да го следат личниот живот на играчот под светлото на славата. Играчите на FIFA 17 кои стигнаа до одредено ниво имаа можност да видат како Хантер го потпишува својот прв спонзорски договор со Адидас.

Овој пат, во новата FIFA 18, Хантер доби спонзорски договор со Кока-Кола. Попрецизно, тој стана амбасадор на новата Coca-Cola Zero Sugar. Тој е исто така главната ѕвезда во една нова реклама на Кока-Кола која е очигледна рекреација на класичната “Mean Joe Greene” од 1979.

“Ние ја увидовме можноста за да ја доловиме суштината на класичниот спот, кој е сакан од толку многу фанови, и да ја пренесеме на помладите генерации кои можеби се запознаени со оргиналот. Додадовме и еден модерен момент, така што го заменивме подарувањето на дресот со селфи на Алекс и неговиот фан,” изјави Мет Волф, потпретседател за забава, вложување и стратешки договори во Кока-Кола.

Од Кока-Кола и EA изјавија дека договорот за партнерство е логичен чекор со оглед на постоечкиот интерес на Кока-Кола за фудбалот како спонзор на Светското Првенство, но и врз основа на улогата која ја има во животите на играчите надвор од теренот.

Според EA, три четвртини од 20 милиони играчи на FIFA 17 на глобално ниво имале интеракција со приказната “The Journey”. FIFA 18 нуди 200 минути на гејмплеј поврзан со “The Journey”.

“Фановите на FIFA игрите, особено помладите фанови, делат страст од 360 степени за фудбалот – играјќи, гледајќи и гејмајќи. Затоа се одлучивме да ги поврземе љубовните приказни кои Кока-Кола ги има со фудбалот во реалниот и во виртуелниот свет преку партнерство со најголемата фудбалска видео игра во светот,” истакна Албан Дешелот, маркетинг менаџер за забава во Кока-Кола.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365