Home » Extra 5 » Колку е тешко да се нацрта лого на познат бренд според меморија?

Колку е тешко да се нацрта лого на познат бренд според меморија?

Логоата на брендовите се најпознатите слики на нашето време. Но, испаѓа дека се навистина тешки за цртање доколку не се гледа во нив, како што покажа едно забавно истражување со наслов “Branded in Memory” на Signs.com. Некои од логоата се полесни за паметење и цртање од другите, што повторно го покренува прашањето која е вредноста на едноставноста или комплексноста на бренд логото.

Signs.com побара од 150 американци да ги нацртаат логоата на 10 познати брендови исклучиво по меморија: 7-Eleven, Apple, Adidas, Burger King, Domino’s, Foot Locker, Ikea, Starbucks, Target и Walmart.

После 80 часа, се добија 1,500 цртежи, а резултатите се навистина интересни – само мал дел од нацртаните логоа се прилично прецизни.

Sings.com навлезе детално во анализата на логоата и колку прецизност учесниците ги рекреаираа, по што беше извлечен следниот општ заклучок:

“Овие сеприсутни амблеми воглавно егзистираат како нејасни визии во нашиот ум. Една петина од луѓето мислат дека судијата на логото на Foot Locker носи капа, што не е случај, а скоро половина од луѓето веруваат дека сирената на Starbucks не носи круна, а носи. Ова е само гребење на површината од она што нашето истражување го откри.

Прашањето во срцето на експериментот е “Колку прецизно можеме да се сетиме на логоата кои ги гледаме секојдневно?” Резултатите покажуваат дека повеќето од луѓето успешно се присеќаат на боите на брендот – околу 80% ја избраа вистинската палета на бои за нивните цртежи, додека пак формите и елементите на логоата се потешки за присеќавање.

Бидејќи логоата на брендовите се менуваат со текот на времето, еден дел од луѓето ги комбинираат старите и новите верзии. Слично, понекогаш додаваме и симболи кои брендот ги користи во адвертајзингот, но ги нема во логото, како што е случајот со Burger King и круната.

Севкупно, 16% од луѓето нацртале скоро совршени логоа, а 37% биле блиску. Како што можеше да се очекува, колку е логото покомплексно, толку е помала веројатноста дека луѓето ќе го запамтат целосно.”

Во продолжение неколку од цртежите за брендовите Apple, Burger King, Domino’s и Starbucks, и како тие би изгледале на нивните продукти:

  • Apple:

  • Burger King:


  • Domino’s:

  • Starbucks:

За останатите брендови и подетално за истражувањето можете да ја посетите веб страната на Branded in Memory.

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365