Британскиот комичар Џо Лајсет си го промени своето легално име во Hugo Boss со цел да се спротивстави на строгиот заштитнички однос на модната компанија кон своите трговски марки.
Како што известува BBC, брендот често се наоѓа во ситуација да опоменува и тужи дури и непрофитни организации и мали бизниси кои го вклучуваат само зборот „Boss“ во своето име.
It’s clear that @HUGOBOSS HATES people using their name. Unfortunately for them this week I legally changed my name by deed poll and I am now officially known as Hugo Boss. All future statements from me are not from Joe Lycett but from Hugo Boss. Enjoy. (2/2) pic.twitter.com/IlDoCrfmaO
— Hugo Boss (@joelycett) March 1, 2020
Еден ваков пример кој доби големо медиумско внимание во Британија беше случајот со локалната велшка пивница Boss Brewing која во 2018 година поднесе барање за регистрирање на трговски марки за своите две најпопуларни пива „Boss Black“ и „Boss Boss“.
Компанијата Hugo Boss веднаш се спротивставила на регистрацијата, но двете страни евентуално се договориле меѓусебно кога пивницата Boss Brewing укажала дека иако Hugo Boss ја имале регистрирано трговската марка Boss, таа не се однесувала на производството на алкохолни пијалоци. Пивницата на крај сепак ги променила имињата на пивата.
Комичарот претходно познат како Џо Лајсет, сега Хуго Бос, посочи дека голем број на компании биле принудени да плаќаат илијадници фунти за судски трошоци и ребрендирање поради односот на модната компанија. Тој истакна дека наскоро ќе лансира свој производ под името Hugo Boss, што ќе биде објавено за време на емитувањето на неговото телевизиско шоу „Joe Lycett’s Got Your Back.“