Модниот бренд Levi’s најави заедничка колекција на облека и додатоци со брендот за играчки LEGO, која треба да биде лансирана на 1 октомври.
Соработката беше најавена на официјалниот Инстаграм профил на Levi’s, меѓутоа без никакви дополнителни информации, освен описот: „Доаѓа наскоро: Две иконични имиња, една шарена соработка.“
Според одредени шпекулации и „протекувања“ на информации на интернет, колекцијата ќе вклучува фармерска јакна, маички на кратки ракави, џемпери, дуксери, капи, марами и торбичко со логото и боите на LEGO.
Најинтересно е што некои од клучните артикли во колекцијата наводно ќе имаат и додатоци во форма на мали лего плочки, на кои носителите ќе може да додаваат вистински лего плочки по свој избор.
View this post on Instagram
Coming soon: Two iconic names, one colorful collaboration. ©2020 The LEGO Group.