(РЕГИОН) – Како жешките летни денови би станале поподносливи за потрошувачите на албанскиот пазар, Tuborg покрај освежување, одлучи да понуди и интересна активација во вид на лотарија, чијшто креативен концепт и медиска стратегија ги осмисли и реализира агенцијата McCann Tirana.
Потпирајќи се на успешната минатогодишна кампања „Tuborg colors of fun“ и промоција на новите кампања во боите кои ја слават забавната страна на животот, креативниот тим на McCann Тирана осмисли локална кампања под слоганот „Обои го летото со боите на Tuborg“. Потрошувачите собираа и испраќаа кодови од капачињата и на тој начин учествуваа во лотарија со интересни и вредни награди. Посебен предизвик за креативците била реализацијата на кампањата во моментот на одржување на Европското првенство во фудбал на кое учествувала и албанската репрезентација.
„Почетокот на кампањата беше планиран за медиски најдинамичниот период кој го обележа EURO 2016, при што спонзор на ова натпреварување беше друг голем пивски бренд. Предизвик беше да се осмисли и реализира кампања и ефектно да се активираат потрошувачите во тие услови. Решението е конципирано како едноставна апликација. Одзивот и реакциите на потрошувачите се одлични, покрај уживањето во своето омилено летно освежување-Tuborg пивото, тие имаа можност да учествуваат и во интересна лотарија и да освојат вредни награди,“ изјави Gazmend Pinjolli, Senior Art Director на агенцијата McCann Tirana.
Развојот на апликацијата била посебна задача, бидејќи подразбирала балансирање на едноставноста за употреба, поставување и промовирање на механизмите и правилата на лотаријата, високи стандарди за заштита на податоците и автоматско управување и функционирање. Како резултат на тоа, настанал single-page микросајт ориентиран првенствено на мобилни корисници. Микросајтот исто така бил достапен во облик на Фејсбук апликација, давајќи им на корисниците повеќе можности за учествување на лотаријата.
Погледнете го и ТВ спотот:
Креативен тим:
Senior Graphic Designer – Irson Aliaj
Art Director – Flonia Vasia Gjollma
Senior Art Director – Gazmend Pinjolli
Account Manager – Albi Beqiraj
Account Director – Alma Avllazagaj
Media Supervisor – Elona Zebi
Digital Account Manager – Elvin Civici