Home » Extra 5 » Македонија дел од светското “Wave” истражување

Македонија дел од светското “Wave” истражување

Овогодинешното осмо издание на “Wave  – The language of content” се спроведува во 65 земји, во него учествуваат  повеќе од 50.000 интернет корисници кои ги претставуваат погледите, потребите и однесувањето на 1 милијарда највлијателни корисници на интернет и социјалните медиуми од целиот свет.

Благодарение на Универзал Медиа Скопје, интернет корисниците од Македонија имаат можност да учествуваат во истражувањето и да ја постават Македонија на светската “Wave” мапа. Сè што треба да направат е да одвојат 30 минути и да го пополнат прашалникот на овој линк: http://bit.ly/wave8mk.  Секој учесник кој ќе го пополни прашалникот и точно ќе одговори на поставеното прашање добива можност да учествува во натпреварот за освојување Acer Tablet.

Wave 8 slika

“Wave” е најдолгата и најамбициозната годишна анализа на социјалните медиуми која ја спроведува медиумската агенција Универзал Медиа низ целиот свет. Истражувањето го мери влијанието на социјалните медиуми ширум светот истражувајќи ги новите можностите и промените кои настануваат во комуникациските технологии. Истражувањето во Македонија го спроведува Универзал Медиа Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365