Home » Extra 5 » Македонските граѓани ќе понудат Супер Куп сместување за 0 денари

Македонските граѓани ќе понудат Супер Куп сместување за 0 денари

Инстантниот енормен пораст на цените за сместување во хотелите низ Македонија поради европскиот Супер Куп кој на 8-ми август ќе се оддржи во Скопје, несомнено предизвика дузина негативни реакции кај љубителите на спортот во земјава и пошироко – бидејќи голем дел од европските фудбалски фанови на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид наместо овој “празник“ да го поминат во Скопје, се почесто се одлучуваат своите аранжмани да ги направат во соседните земји (Софија и Солун најчесто) и оттаму да патуваат само за натпреварот. Со ова се скратува неколку дневната фудбалската еуфорија на славење на фудбалот во Скопје и наместо македонската готопримливост, кон странците овојпат беше покажана нељубезност изразена со откажување на претходно направени аранжмани заради покачување на цената и алчност за инстант големи профити на сместување.

Неколку млади луѓе од државава иритирани од овој однос на угостителите решија да почнат акција за “обелување на образот“ на Скопје и Македонија.

Во нивниот најнов проект SuperCupSkopje, членовите на WeTalkIT заедницата, ги поврзуваат фудбалските фанови на кои им треба сместување, со луѓе од Македонија кои имаат желба да им понудат бесплатен престој.

Целта на овој проект е да се соберат што повеќе граѓани кои ќе примат по еден или двајца гости во својот дом, со цел да им овозможат место за преспивање на фановите кои ќе дојдат да го следат натпреварот од Супер Купот 2017. За да му овозможите сместување/кревет на некој од фановите, се што треба да направите е да се логирате на http://supercupskopje.com и да наведете каков тип на сместување може да понудите.

Гостите заинтересирани за сместувањето се најавени со својот Facebook профил на веб сајтот, и преку испраќање на емаил порака, директно ги контактираат оние кои што објавиле сместување.

Вие како домаќини, сами одлучувате кој гостин ќе го примите во својот дом.

Ве повикуваме да се приклучите на иницијативата, за да ја поправиме сликата за Скопје и заедно да овозможиме бесплатно сместување на некој од фудбалските фанови. Приклучете се на http://supercupskopje.com!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365