Home » Extra 5 » Манчестер Јунајтед и Адидас го потпишаа највредниот спонзорски договор во историјата

Манчестер Јунајтед и Адидас го потпишаа највредниот спонзорски договор во историјата

Најголемиот фудбалски бренд на денешницата, Манчестер Јунајтед и германскиот производител  на спортска опрема Адидас потпишаа историски најскап договор за спонзорство.

Договорот е со времетраење од десет години и тежи 750 милиони фунти или 75 милиони фунти годишна заработка за клубот од „Олд Трафорд“, кој според проценките има најголема светска база на навивачи низ целиот свет (нешто над 340 милиони навивачи).

Man Utd Logo

Спонзорството на германскиот производител на спортска опрема доаѓа десетина дена по информацијата за прекин на соработка на Манчестер и американската фирма „Најк“.

Манчестер Јунајтед изрази задоволство за постигнатата соработка со „Адидас“ и соопшти дека важноста на договорот стапува на сила од сезоната 2015/16.

Англискиот клуб по пауза од 13 години повторно ќе настапува во опремата на „Адидас“.

За споредба, вториот најскап спонзорски договор е оној на Реал Мадрид кои добиваат околу 31 милион фунти годишно од Адидас, речиси двојно помалку од сумата која отсега ќе ја добива Јунајтед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365