Home » Extra 5 » Марија Цветковска е победник на конкурсот за дизајн на мебел на „Паратисима Скопје“ и “Пункт“

Марија Цветковска е победник на конкурсот за дизајн на мебел на „Паратисима Скопје“ и “Пункт“

Ресенчанката Марија Цветковска е победник на конкурсот за дизајн на мебел кој Интернационалниот саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ го распиша во соработка со компанијата за производство на мебел „Пункт“.

dizajn na marija cvetkovska

Како што информира „Паратисима Скопје“, на конкурсот вкупно учествувале 21 автор и биле предложени 32 идејни решенија за дизајн на мебел. Иборот го направил раководниот и стручен тим на Пункт мебел.

Почесни признанија од Пункт мебел добиле дизајнерските решенија на Александра Павловска и Калина Несторовска од Скопје, Ана Малјановска од Скопје, Вања Маринковиќ од Босна и Херцеговина, Кортан Идризоглу од Словачка и Кирче Стојоски од Охрид.

Целта на конкурсот беше да се поттикне учеството на дизајнерите со сопствен предлог за дизајн на мебел кој потоа ќе биде изведен во прототип, изложен за време на отворањето на „Паратисима Скопје“ и пласиран во продажните салони и (меѓународни) саемски учества на Пункт мебел. Ова партнерство стреми кон јакнење на соработката помеѓу креативниот и приватниот сектор и развивање и пласирање на нови дизајнерски решенија произведени на македонскиот пазар, информира „Паратисима Скопје“.

Третиот Интернационален саем на современа уметност „Паратисима Скопје“ ќе биде отворен на 10 јуни и ќе трае до 12 јуни во Младинскиот културен центар. Конкурсот за дизајн на мебел во соработка со Пункт е една од содржините од годинашниот саем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365