Почнувајќи од овој месец, Marketing365 стана официјален претставник во Република Македонија на најголемите светски фестивали за креативна исклучителност во комуникациите – Cannes Lions, Lions Health, Lions Innovation, Eurobest, Spikes Asia, Dubai Lynx, Asian Marketing Effectiveness и Strategy Awards.
Со овој договор, Marketing365 на своите партнери и соработници од маркетинг, ПР и адвертајзинг индустријата во Македонија ќе им овозможи дополнителни можности за учество на најголемите интернационални фестивали и ќе ги поврзува со најголемите светски експерти од индустријата.
Еден од начините преку кои Marketing365 како официјален претставник на Lions Festivals, на своите соработници, ќе им овозможи активно да учествуваат на овие фестивали, е преку номинирање на членови за во жири комисиите а исто така Македонија сега добива право и за организирање на домашно Young Lions натпреварување, чија цел е развој на млади таленти од адвертајзинг и комуникациската индустрија.