Финансиското друштво „Ем кеш Македонија“ (MCash) е нова небанкарска институција што на граѓаните ќе им понуди потрошувачки микро-кредити. Компанијата во минатата година ги обезбеди потребните дозволи и лиценци од Министерството за финансии и деновиве официјално почнува со работа. Повеќе информации за можностите што друштвото ги нуди ќе ги најдете на официјалната интернет-страница: www.mcash.mk
НАВИСТИНА БРЗИ КРЕДИТИ
Овој вид кредити за првпат се појавиле пред околу 200 години во САД, кога било исклучително тешко да се отвори банкарска сметка, а користењето кредити за физички лица било апсолутно невозможно. Брзите кредити станале алтернатива за луѓето кои работат, давајќи им можност да ги плаќаат обврските додека да добијат плата. Во Велика Британија, пак, услугата постои веќе 100 години.
Денес таа е развиена на глобално ниво. Статистиката покажува дека сè повеќе луѓе ги избираат брзите кредити како алтернатива на банките. Причините се: брзо и лесно добивање пари, само за неколку часа; помала бирократија; транспарентен модел колку клиентот зема и колку должи; минимален број потребни документи за аплицирање.
Во повеќето случаи, за да се аплицира за брз кредит не е потребно да се поднесат документи за работното место, не е нужно да се најдат жиранти, гаранции и други слични формалности, кои што банките секогаш ги бараат. Доволна е само лична карта. Тоа ја прави услугата навистина лесно достапна. Токму овие предности, пак, ја одредуваат повисоката цена на производите во споредба со банките.
ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ
Овој вид кредитирање има важна социјална функција. Брзите кредити ги поткрепуваат луѓето и семејствата кои имаат итна потреба од пари или пак, онаа група луѓе кои не можат да земат кредит во банките. Преку повeќe мали износи за кусо време, овој вид финансирање најчесто се користи за помош во личниот бизнис, во семејниот буџет, за реновирање на домот, за поправка на автомобилот и др.
– Ние во „Ем кеш“ веруваме и се придржуваме кон принципите на одговорното кредитирање. Исплаќањето е преку фиксни рати, кое што на клиентите им гарантира висок степен на контрола во плаќањето. Веруваме дека македонските граѓани брзо ќе се уверат во предностите на нашиот производ и нашата посветеност кон клиентите – вели Валентин Гетов, генерален директор на финансиското друштво.
„ЕМ КЕШ МАКЕДОНИЈА“
„Ем кеш“ е дел од меѓународната небанкарска финансиска група Easy Asset Management што има 10-годишно искуство во Бугарија, Романија, Полска, Украина и Чешка. Со своите 250 канцеларии и над 5.000 вработени компанијата досега одобри над еден милион кредити на повеќе од 500.000 клиенти. Друштвото има разработено целосно нов бизнис модел, создаден и усогласен според потребите на луѓето во Македонија. Првично, друштвото ќе ги понуди своите кредити на интернет, а подоцна и преку своите партнери. „Ем кеш“ преку своите активности планира во Македонија да инвестира над три милиони евра во следните две години.