Во рамките на партнерскиот проект на културната институција „Parobrod” и креативната агенција ” McCann Белград” беше успешно одржано уште едно “Меккен Паробродирање”. Вработените во агенцијата ” McCann Белград” организираа Отворен ден за студенти. Петнаесет млади професионалци на сениорски позиции во агенцијата, поминаa неколку часа во разговор со околу 200 студенти од Економскиот факултет, Факултетот за драмски уметности, Факултетот за организациони науки, Филозофскиот факултет, Факултетот за култура и медиуми, Факултетот за уметност и дизајн и Факултетот за медиуми и комуникации, на тема работењето во креативната агенција. Бројот на студентите кои се јавиле не ги изненадиле вработените во агенцијата ” McCann Белград”, бидејќи, како што самите велат, и тие ги користеле овие можности, кога биле на нивна возраст.
“Верувам дека за студентите кои сакаат да се занимаваат со адвертајзингот, е од непроценлива вредност можноста да разговараат со луѓето на една од водечките агенции не само во Србија, туку и во целиот регион, со цел да добијат појасна слика за посакуваната професија и да се фокусираат на нивниот личен развој во правец кој утре ќе ги направи идеален кандидат за таа работа. Ентузијазмот и желбата на студентите што побрзо да стекнат практично искуство, ме поттикна да им ги доловам сите страни на својата работа која ме инспирира и во себе содржи мотивирачка сила за понатамошен личен и професионален напредок. Имаше моменти кои ме потсетија и на моите студентски денови “, по тој повод изјави Јелена Лешевиќ, акаунт директор во агенцијата” McCann Белград “.
Наместо класични предавања, младите стручњаци од McCann, се одлучиле за форматот „Прашајте не се што сакате да знаете за нашата работа“. Идејата за ова случување била судентите кои се заинтересирани за маркетинг, адвертајзинг и комуникации, од прва рака да се запознаат со професијата, па така имаа прилика да го изберат соговорникот во зависност од областа на интересирање – од креатива, преку стратешко планирање, продукција, акаунт сектор до човечки ресурси.
„Овај настан е дефинитивно она што за нас како студенти ни е потребно и е од големо значење при конкурирањето за пракса или вработувањето. Сметам дека концептот Отворен ден е одличен, бидејќи во фокусот се исклучиво студентите, на кои им е овозможено во целосно опуштена атмосфера и потполно отворен разговор со директорите на различните сектори од агенцијата, да дојдат до сите информации кои им се значајни и за нив релевантни, и она што е најважно – да ја остават својата биографија и да аплицираат за пракса или работа.Сите сме запознаени со фактот дека денес е тешко да се дојде до добра пракса, за работа и да не зборуваме, а ова е навистина сјајна прилика да се направи првиот чекор во градењето кариера. За мене, конкретно, ова беше едно феноменално искуство, каде што слушнав многу корисни совети и се запознав со функционирањето на една од водечките маркетин агенции кај нас. Би ја искористил приликата да го пофалам ваквиот потег, со кој „McCann Белград“ покажа колку не цени нас студентите, што сметам дека би требало да го следат и другите агенции и компании“ изјави Милош Каљевиќ, студент во четрвта година на Факултетот за организациони науки и претседател на студентската организација „ФОН-ов центар за развој на кариерата“
Соработката со белградските факултети не е новост во агенцијата „McCann Белград“. Изминатата година, агенцијата учествуваше на манифестацијата Фонкламе, во рамките на која свое предавање одржа креативниот директор Владимир Ќосиќ, а исто така беше менторски водено студентско натпреварување во осмислување на рекламни кампањи, при што победничкиот тим освои пракса во агенцијата.Се очекуваат уште слични акции во текот на наредната година, а веќе кон крајот на ноември се спрема ново издание на „ McCann Паробродирање“.