Home » #M365Voice » MediaVoice: Александар Дамовски (MKD.mk)

MediaVoice: Александар Дамовски (MKD.mk)

Александар Дамовски

M365: Каква година беше 2018 за вашиот медиум? Што е она по што ќе ја паметите?

Поголема читаност, зголемена доверба, влијание, новинарски многу позрели… без ефект во однос на комерцијалниот дел. Пад на приходи за речиси 30 отсто.

M365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?

Имаме добра соработка со сите нив, ама нема фер игра во односите читаност и публика од една страна, и влијание, доверба, квалитет, професионализам… од друга страна. Не може да се гледа само на еден дел од карактеристиките на еден медиум. ПР агенциите мора да имаат позначајно место во односот клиент-медиум, таа релација мора да биде многу повеќе вреднувана.

M365: Која пракса на ПР професионалците ја почитувате најмногу, а која пракса Ви смета најмногу?

Комуникацијата со медиумот, соработката, приливот на информации, олеснувањето на комуникацијата со одреден клиент… „А бе ај пушти го овој ПР текст, сигурно ќе пуштат нареден период и банер“. Е оваа реченица ме вади од кожа. Банер си е банер, си има своја цена, ама и ПР треба да (има) своја цена.

M365: Какви се Вашите желби за годината што претстои, а се поврзани со медиумската индустрија?

Догодина сите стопански субјекти, компании, рекламери на своите конференции за медиуми да ги викаат претставниците на Гугл, на Фејсбук, Јутјуб, агрегаторите… кога веќе трошат толку пари за промоција на овие платформи. Да видиме како ќе им изгледаат нивните „ивенти“. Каде е тука нивната општествена одговорност? Каде сме ние како асоцијација да се обидеме да го смениме тој пристап и на клиентите и на маркетинг агенциите? Догодина да можеме да кажеме дека навистина е можно во Македонија порталите да бидат комерцијални проекти и да се бориме за фер услови на пазарот (законските измени).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365