Home » #M365Voice » MediaVoice: Иван Мирчевски (Канал 5)

MediaVoice: Иван Мирчевски (Канал 5)

Иван Мирчевски

M356: Каква година беше 2018 за вашиот медиум? Што е она по што ќе ја паметите?

И среќна и тажна. Тажна затоа што дел од колегите заминаа на други работни места, но среќна затоа што го вративме приматот кај гледачите особено кај информативните емисии, Вестите и Само Вистина. Ќе ја паметам и поради компактонста на 5-те национални ТВ станици Канал 5, Телма, Сител, Алсат-М и Алфа, во нашата борба против пиратеријата која ја има многу кај дел од кабеските оператори. Ова е борба која ќе ја продолжиме и во 2019 година, се до конечна победа :)

M356: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР и маркетинг агенциите и медиумите во Македонија?

За мене не постои симбиоза меѓу оие три субјекти, за жал. ПР агенциите речиси и немаат некое влијание, а маркетинг агенциите и ТВ станиците никако да сфатат дека „играат за еден ист тим“. Затоа секоја година вкупниот буџет за маркетинг е се помал. Според мене, вината, но не исклучива, е кај маркетинг агенциите.

M356: Која пракса на ПР професионалците ја почитувате најмногу, а која пракса Ви смета најмногу?

Има мал број ПР професионалци кај нас, речиси сите ( чест на исклучоците )  „пиарџии“ ја доживуваат својата професија како продолжена рака на маркетингот. А никако да разберат дека ПР-от и Перцепцијата одат рака по рака. А перцепцијата во медиимите е „алфа и омега“. Еве кажете ми, дали некоја ПР агенција направила брифинзи или работни среби со медиумите, без да ги запознае со своите клиенти и нивното портфолио? Ние медиумите добиваме само emailови со барање за покривање на некој настан.

Ако зборуваме за ПР услугите за политичарите, тука има исто така големо разочарување. На една рака се бројат ваквите успешни „ликови“

M356: Какви се Вашите желби за годината што претстои, а се поврзани со медиумската индустрија?

Повеќе пари, НУЛА пиратерија. За среќни медиумски работници, и презадоволни гледачи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365