Home » Extra 5 » Меѓународна премиера на „Готлиб“ на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао

Меѓународна премиера на „Готлиб“ на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао

Краткиот анимиран филм „Готлиб“ во режија на Крсте Господиновски, по премиерното прикажување на домашниот филмски фесетивал Синедејс, својата меѓународна премиера ќе ја има на интернационалниот фестивал за анимиран филм Анимаком во Билбао, Шпанија. Заедно со уште 32 филма, „Готлиб“ ќе се натпреварува во официјалната конкуренција за една од наградите на фестивалот.

Филмот е работен по сценарио на Крсте Господиновски, директор на фотографија е Горан Наумовски, продукциски дизајн – Викторија Динева, директор на анимација е Гоце Господиновски, костимограф – Андриана Динева, музиката е на Гоце Наумов и дизајн на звук – Горан Петровски. Филмот е во продукција на Узенгија и копродукција на Flip Book Productions и Ars Digital, поддржан од Агенцијата за филм на РМ.

Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на следниот линк: https://animakom.com/en/film/gottlieb

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365