Балканска дизајн мрежа ги повикува сите дизајнери од Македонија до 35 годишна возраст кои подготвуваат предлог проект за меѓународниот конкурс„Young Balkan Designers 2015” да се пријават за консултативна средба на 18. февруари, 2015 во просториите на Јавна Соба. На едночасовната средба со стручни лица од областа на дизајнот кандидатите ќе можат да ги подобрат своите концепт идеи, подобро да ги развијат своите дизајн предлозикако истите би биле прифатени на меѓународниот конкурс „Young Balkan Designers 2015”.
Менторски тим:
– Ивана Боровњак – дизајнер, претседател на Хрватско дизајнерско друштво, Загреб
– Александар Велиновски – директор, Јавна Соба Скопје
Бројот на места е ограничен. Сите заинтересирани дизајнери можат да се пријават за консултативна средба на contact@publicroom.org најдоцна до 15. февруари 2015. Организаторите ќе ги контактираат сите пријавени дизајнери за одредување на точен термин за консултативна средба.
Дизајнерите кои ќе се пријават за консултативните средби не се обврзани да ги испратат своите предлози по email пред самата средба, но должни се за време на средбата да го презентираат својот предлог со изнесување на цртежи, рендери, фотографии во печатен или електронски формат.