Home » Extra 5 » Мистеријата за бесплатниот доживотен McDonald’s – мит или реалност?

Мистеријата за бесплатниот доживотен McDonald’s – мит или реалност?

Преку едноминутен рекламен спот во стилот на документарните филмови за теории на заговор, древни тајни и антички вонземски астронаути во кој учествува и самиот меме-легендарен Џорџио Цукалос, McDonald’s објави дека на еден свој фан ќе му додели „McGold“ картичка со која ќе може да јаде бесплатно во 35,000 ресторани на брендот низ целиот свет, скоро доживотно.

Сите кои ќе нарачаат нешто преку мобилната апликација на McDonald’s, Mobile Order & Pay, во перидот помеѓу 10 и 24 август ќе бидат вклучени во изборот. Секоја нарачка плус ќе значи и една можност повеќе за добивање на McGold картичката.

Победникот ќе има два бесплатни оброци секоја недела во наредните 50 години, ќе добие кредит од 1,000 долари за користење на McDonald’s апликацијата за онлајн нарачки, како и 24-каратна златна „McGold Card“ маска за мобилен телефон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365