Home » Extra 5 » Мотивациски и ресурсен Bootcamp на Girls in Tech Macedonia

Мотивациски и ресурсен Bootcamp на Girls in Tech Macedonia

Girls in Tech Macedonia продолжува со своите активности во насока на подобрување на половиот баланс во STEM областите. Овој пат, за прв пат организацијата одржа т.н. Motivation & Resource Bootcamp: Girls in Tech 101. Настанот беше наменет исклучиво за сите Girls in Tech Ambassadors од Македонија, а целта беше да им се создаде простор за креативност и развој на локални стратегии за активности на Girls in Tech во повеќето градови низ Македонија.

GIT bootcamp 3

Извршното Тело на Girls in Tech Macedonia одржа работилница токму за креирање стратегии за настани кои можат да се реализиаат локално во повеќе градови, а беше проследена и со coaching во различни области битни за развој на вакви стратегии, во кои членовите на Извршното тело имаат релевантни искуства. Со цел да се даде фокус на тимската работа, сертифициран тренер од DOOR Training Center Macedonia одржа работилница/игра која ги опфаќа следните вештини: лидерство, комуникација, планирање, тимска соработка, донесување одлуки, стратегија, менаџмент на време, итн.

Од овој Bootcamp произлегоа основни насоки и идеи за развој и имплементација на локалните програми за работа на Girls in Tech клубовите во 14 градови низ Македонија, кои ќе реализираат активности на локално ниво со цел да ја приближат ИТ и бизнис заедницата, како и образованието, а со тоа да развиваат свест за потребата од полов баланс во овие сфери.

GIT bootcamp 2

„Преку своите активности Girls in Tech Macedonia со полна пареа мапира допирни точки помеѓу потребата од постоење на активно поглавје од организација од светски ранг и суштествените предизвици со кои се соочува ИТ заедницата кај нас. Girls in Tech Bootcamp-от со својата форма на мотивациски тимбилдинг и ефективни говорни сесии е еден од се надевам серијата успешни настанати на Girls in Tech Macedonia кој саботниот слободен ден го претвори во квалитетно поминато време со нови идни соработници, па и по некоја родена идеја“ – изјави Александра Стојановска, Creative Associate на Girls in Tech Macedonia.

Поддржувач на Bootcamp-от беше Seavus Incubator во чии простории истиот се реализираше, а за нивото на енергија се погрижија Nescafe и Vitalia.

Од Girls in Tech потенцираат дека главната цел им е јавноста да ја разбере потребата од полов баланс во ИТ, но и во сите професии, и да престане поделбата на професиите на „машки и женски“. Со тоа ги повикуваат сите кои ја гледаат оваа потреба, да им се придружат во нивната мисија независно од полот. Целосната галерија од настанот е достапна на: https://goo.gl/ZMPDV0.

GIT bootcamp

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365