Најновиот мурал на анонимниот уметник познат како Бенкси e продаден на трговец со уметнички дела за повеќе од 100.000 фунти.
Муралот кој го носи името “Seasons Greetings, се појави на ѕидот од една гаража во градот Порт Талбот во Јужен Велс, каде се наоѓа една од најголемите железари во светот. На него се наоѓа дете кое се обидува да ги фати снегулките, кои кога одблиску ќе се погледнат, всушност се пепел кој доаѓа од контејнер кој гори. Неколку дена откако се појави муралот, градските власти одлучија преку него да се обложи заштитен слој на пластика.
“Јас го купив и тоа ме чини сума од шест бројки“, изјави Џон Брандлер, додавајќи дека муралот му го позајмува на градот Порт Таблот во следните две до три години.
Бенкси, кој го крие своето име, е најпознат уличен уметник во светот.