Home » Super Bowl 2015 Ads » Најдобрите 5 реклами за време на Супер Бол 2015

Најдобрите 5 реклами за време на Супер Бол 2015

Утрово заврши овогодинешното издание на највредниот (комерцијално гледано) спортски настан во годината – Супер Бол. Копјата ги вкрстија шампионот во AFC (New England Patriots) и шампионот во NFC (Seattle Seahawks) а победата во многу тесен резултат (28-24) ја однесе тимот на “Патриотите“ кој годинава ќе го носи лауреатот на NFL шампион за 2014 година.

Она што нас посебно не интересираше беа моментите во паузите од натпреварот кога просторот се пополнуваше со најскапите ТВ реклами (во просек блок од 30 секунди се наплаќаше 4,5 милиони долари).  Нашата генерална оценка за овогодинешните #SuperBowlAds е дека немаше ништо Wow…, ништо што ќе остане и ќе се прераскажува во наредниот период и дека дефинитивно ни се потврди ставот дека тизерите на YouTube (пракса од последниве неколку години) во голем дел ја уништуваат забавата и моментот на изненадување додека се исчекува 30 секундното претставување на огласувачот.

Тоа што е сигурно е дека Skittles имаа најдобар product placment за време на натпреварот кога “случајно“ играчот (го викаат и “ѕверот“) Marshawn Lynch на Seattle Seahawks беше “фатен“ како својата припрема пред “борбата“ ја прави со неколку Skittles…..коректно одработувајќи си го својот спонзорски дил со компанијата и за време на натпреварот. (ВИДИ ЛИНК).

Исто така и Mercedes Benz реши да вложи дополнително во својата овогодишна промоција, па освен својата реклама инвестираше и во брендирање на главниот пулт на кој стоеа официјалните коментатори од NBC и постојано се појавуваше со своето лого до моменталниот резултат.

Шоуто и овојпат не изостана и Супер Бол дефинитивно си го потврди (уште еднаш) своето неприкосновено место за нај-американски настан во кој се се врти околу тоа колку USA е голема, убава и патриотска земја :)

Во продолжение погледнете го нашиот избор на 5 најдобри реклами од оваа година и слободно дополнувајте го со Вашите фаворити во делот за коментирање:

Always – #LikeaGirl” – Leo Burnett

Budweiser – “Lost Dog” – Anomaly

Loctite Glue – “Positive Feelings” – Fallon, Minneapolis

BMW i3 – “Newfangled Idea” – KBS

Revenge – Barton F. Graf

Погледнете ги сите Супер Бол 2015 реклами на овој ЛИНК.

Погледнете ги накратно сите поважни моменти од Супер бол 2015 финалето на овој ЛИНК.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365