Home » Extra 5 » Најлошите предвидувања за технолошките трендови во изминатите 150 години

Најлошите предвидувања за технолошките трендови во изминатите 150 години

Постои долга традиција на предвидување на трендови помеѓу научниците, инженерите и индустријалците. Секоја година па и за оваа 2017 година се направија бројни предвидувања за иднината.

Bots vs Apps: кој ќе биде победник во 2017?
Дали 2017 година ќе биде година во која виртуелната реалност ќе стане широко распространета?
Дали сите во 2017 година ќе користиме виртуелни асистенти во своите домови?

Технологијата се менува драстично од година во година, од месец до месец, а во последниот период – од ден до ден. Иако многу од промените во индустријата секојдневно се прогнозираат од страна на инсајдерите во индустријата, во изминатите години бевме сведоци на голем број лоши предвидувања.

Предвидувањата кои се најзапаметени во историјата се оние кои демонстрираат спектакуларно лошо проценување базирано на лошо расудување, недоволно разбирање, преоптимистичка хипербола, и оптимистичко размислување во насока на посакуваните настани.
Подолу може да ги погледнете најлошите предвидувања кои прикажуваат дека дури и менаџерите на најголемите компании понекогаш прават лоши проценки и предвидувања на идните настани. Без разлика дали станува збор за предвидувања околу технолошкиот прогрес, потенцијалот на пазарот можеме да се сложиме дека направиле сосема лоши проценки.

Извор: snopes.com

1876: Овој телефон има толку недостатоци за да биде сериозно гледан како средство за комуникација.” — William Orton, претседател на Western Union.

1876: На Американците им треба телефон, но не и нам. Ние имаме доволно  курири ‘’ – Sir William Preece, менаџер- инженер на Британската Пошта.

1889: Зафркавањето со алтернативна струја (AC) е само трошење на време. Никој нема да ја користи- никогаш.” — Thomas Edison.

1903: Коњот секогаш ќе биде тука, а авотмобилот е само новост –која брзо ќе избледне’’Horace Rackham, претседател на Мичигенската Банка за штедење како одговор на адвокатот на Henry Ford, кога не инвестирале во  фабриката за автомобили Ford Motor Company.

1921: “Бежичната музичка кутија нема комерцијална вредност. Кој ќе плати за порака која не се испраќа до никого?” —  одговор на соработниците на David Sarnoff  за барање за инвестиција во радиото.

1926: “Додека теоретски и технички, телевизијата може да има мерливост, комерцијално и финансиски нема да има ефекти- тоа е невозможно .” 
 Lee DeForest, “Татко на радиото”и пионер во развојот на гласовното снимање на филм кој како ефект се користел за сликите со движење. Тој имал 180 патенти.

1932: “Не постои ни најмала индикација дека нуклеарната енергија ќе биде одржлива. Тоа значи дека атомот  ќе треба да биде разделен’’- Albert Einstein.

1936: “Ракетата нема да биде способна да ја напушти Земјината атмосфера’’- New York Times.

1946: Телевизијата нема да биде во можност да го одржи ниту еден пазар каде ќе се задржи во првите 6 мсеци. На луѓето ке им здосади да гледаат во таа кутија секоја вечер’’- Darryl Zanuck, филмски продуцент и партнер на 20th Century Fox.

1949: “Калкулаторот на  ENIAC е опремен со  18,000 вакуумски цевки и тежина од 30 тона. Компјутерот на идината можеби ќе има само 1,000 вакуумски цевки и можеби ќе тежи до половина тон.’’- Popular Mechanics.

1957: Имам патувано низ секој дел од државата и можам да со сигурност да тврдам дека процесуирањето на податоци е нешто што нема да опстои ни до крајот на оваа година.’’- Уредникот на Prentice Hall business books.

1959: “Потенцијалниот на светски пазар за машини за копирање најмногу може да достигне до 5,000’’- IBM им кажал на Xerox.

1961:  Не постои пратично ниту една можност вселенските сателити за комуникации да се користат за да се обезбеди подобра телефонска, телеграфска, телевизиска и радио услуга во рамките на САД.’’- T.A.M. Craven, федерален комискиски и комуникациски комисионер

1977: “Не постои причина било кој индивидуалец да има компјутер во својот дом’’- Ken Olsen, основач на Digital Equipment Corp.

1981: “На никој нема да му се потребни повеќе од 637KB  меморија за својот персонален компјутер. 640KB треба да се доволно за секого.” — Bill Gates, Microsoft.

1981: Мобилните телефони во никој случај нема апсолутно да ги заменат локалните жичани системи’’- Marty Cooper, пронаоѓач

1989: “Никогаш нема да направиме 32 битен операциски систем’’- Bill Gates, Microsoft.

1992: “ Идеата за личен комуникатор во сечиј џеб е само сон воден од алчност’’- Andy Grove,  CEO  на Intel.

1995: Предвидувам дека Интернетот ќе доживее спектакуларна супернова и во 1996 катастрофално ќе доживее колапс’’- Robert Metcalfe,  пронаоѓач на  3Com, и  Ethernet.

2007: Не постои можност iPhone  да добие значаен удел во пазарот ‘’- Steve Ballmer, Microsoft CEO.
Се што можело да биде измислено веќе е измислено’’- Charles H. Duell, , U.S. Office of Patents, 1899.


Научена лекција: не помешувајте ги трендовите со факти!

Предвидувањата се ризични. Уште повеќе кога се однесуваат на блиската иднина. Кога еднаш ќе се докажe дека се погрешни тие се како бумеранг и секогаш ќе го пратат оној кој ги кажал.

Извор: medium.freecodecamp.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365