Во последно време се појавуваат се` повеќе холограми, па дури пристигнаа и во циркус, кој наместо вистински слонови ги прикажуваат оние кои настанале токму со помош на оваа технологија. Истражувачите од Универзитетот во Сасекс отидоа чекор подалеку, создавајќи холограми кои не само што можат да се видат, туку и да се слушнат и допрат.
Во извештајот кој го опишува овај проект се зборува за уредите кои го добиле името Multimodal Acoustic Trap Display (MATD), и кои користат ултразвучни бранови за поместување на полистиренската нишка која мапира облик на холограм, кој потоа се пополнува со црвени, сини и зелени ЛЕД светла. Бидејќи нишката се движи многу брзо, човечкото око може да го види само конечниот облик на холограмот, што потсетува на технологијата во рамките на која голем број на неподвижни фрејмови, формираат подвижна слика. Ултразвучните бранови покрај сликата нудат и звук и чувство на физичка сензација која создава впечаток дека холограмот може да се допре.
Креаторите на новиот холограм планираат систем со уште повеќе нишки кои би овозможиле подетални слики и поцелсно искуство и посочуваат дека ова не е далеку од реалноста, затоа што прототипот е креиран од достапни компоненти кои не бараат големи вложувања.