Брашното е онаа состојка со која во кујната се создава магија… Sвездата во кулинарската алхемија…
Малку вода, малку квасец, многу љубов, вешти раце, и брашното оживува во 1000 облици и милион вкусови.
Кога го имаш брашното – имаш се’ …а со помош на веб порталот https://stosobrasnoto.mk/ (ЛИНК) кој официјално е активен од денеска, сега можеме да дознаеме и за уште повеќе работи кои можеме да ги правиме со него.
На “Што Со Брашното.мк” можат да се видат еден куп рецепти за домашно лепче, кифлички, колачи, переци и др. кои се “поткрепени” со супер видео докази, продукциски одлично скоцкани, забавни и пред се едноставни за следење и правење “магија” во кујната.
Македонија го доби местото што има една супер мисија….да го слави брашното! :) и тоа покрај на веб, може да го следиме и на Фејсбук (линк), YouTube (линк) и Instagram (линк).
Доаѓа викенд, па време е да си легнеме на брашното! :)