Русија ќе биде домаќин на следното Светско првенство во фудбал во 2018 година, а организаторите на Мундијалот се погрижија на спектакуларен начин да го претстават новото лого на натпреварувањето.
Главната свеченост се одржа во Москва, а на истата присуствуваа претседателот на ФИФА Сеп Блатер и првиот човек на организациониот комитет Виталиј Мутко, но логото беше претставено во орбитата на Земјата.
За тоа се заслужни тројца руски астронаути, кои од вселенската станица на планетата и обелоденија како ќе изгледа логото за следниот Мундијал.
Погледнете како рускиот космонаут Maxim Surayev, на 400 километри оддалеченост од земјата го презентираше логото на СП 2018 :