Новата уметничка акција насловена како „Поддршка за птиците во Скопје“ има за цел во овие предвелигденски денови да алармира на се поголемиот број исечени дрвја во градот.
Во центарот на Скопје се појавија огромни „гнезда“.
Граѓанските активисти со ова герила акција повторно упатуваат апел во име на граѓаните (и на птиците) против уништувањето на дрвата и зеленилото во главниот град.