По повод Меѓународниот ден на леваците, Oreo заедно со 360i лансирашње лимитирана едиција на пакување специјално дизајнирана за 10% од светското население кое примарно ја користи левата рака.
Пакувањето има отвор на десната страна, за разлика од вообичаениот отвор на левата страна, што го прави полесно за отворање за леваци.
Новото пакување на Oreo е пропратено со посебен веб-сајт наменет за леваци каде што ќе може да се пријават за добивање на колачи, како и 30-секундна реклама која ги нагласува секојдневните предизвици со кои се соочуваат леваците.