Институтот Данте Алигиери во Скопје и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, организираат Отворен ден кој ќе се одржи на 29 Мај во понеделник од 11-13 часот во Канцеларијата на Секретаријатот за европски прашања, Плоштад Македонија (спроти Тренд) .
На настанот ќе имате можност да се запознаете со активностите на Институтот:
– јазични курсеви по италијански јазик
– испити за добивање на сертификатот PLIDA за познавање на италијанскиот јазик
– активности за промоција на италијанскиот јазик и култура (Кино клуб, Недела на италијанскиот јазик, Клуб на читатели).
На настанот ќе се запознаете и со можностите на програмата за мобилност Еразмус+, која оваа година одбележува 30 години од своето постоење.