Проект на здружението “Проект Среќа“
На 1 номеври официјално е отворено првото бесплатно училиште за деца со помалку можности, за музика уметности и вештини “Гитари Дирки и Свирки“.
Со овој проект на здружението “Проект Среќа“ започна одбележувањето на месец Ноември-месецот на детето.
“Во ова училиште, децата, кои се регистрирани во нашето здружение ( ги имаме 1200 од целата земја на број), а се во било која од категориите “социјален ризик“, ќе можат да се пријават за часови по гитара, клавир, ликовни уметности, запознавање со останатите уметности, како фотографија, филм, театар, а желбата ни е наскоро да оформиме и наше хорче. Сите деца кои ќеизразат желба за други инстументи, ќе бидат пратени да ги изучуваат бесплатно, во други приватни училишта, со кои имаме соработка, како Ентерпрајс и Мјузик Хаус“, информираат од здружението “Проект Среќа“.
Приоритет во групите имаат децата кои се наоѓаат во најтешка форма на ’социјен ризик’ и се од семејства си најмали примања.
Просториите се наоѓаат во Центар, позади Универзална сала и каде исто така се одржуваат и часовите по драма на Детско Драмско Студио “Неверленд“ кое функционира на истиот принцип како и “Гитари Дирки и Свирки“, односно е бесплатно за сите деца од тие категории и во него членуваат 30-тина деца.
На самото отварање со мала драмска точка, дел од децата од Проект Среќа, членовите на драмското студио им се заблагодарија на свој начин на донаторите и сите кои помагаат за нивната среќа.