Властите во Етиопија го забранија рекламирањето на алкохолни пијалаци за да промовираат здрав начин на живот во оваа африканска земја.
Етиопскиот министер за здравство, Амир Аман, им изјави на новинарите дека забраната за рекламирање на алкохолни пијалаци е воведена во согласност со кампањата за здрав живот што започна во источноафриканските земји.
Тој објасни дека рекламирањето на алкохолни пијалаци е забрането за сите медиски куќи, а дека таквите реклами се исто така забранети и на банери, постери, спонзорска опрема и слично.
Во февруари властите во Етиопија забранија пушење во близина на јавни институции, здравствени установи и забавни центри. Забранета е и продажба на алкохолни пијалаци на купувачи под 21 година.