Home » Во фокусот » Петте најголеми телевизии во 2016-та оствариле приход од речиси 18 милиони евра

Петте најголеми телевизии во 2016-та оствариле приход од речиси 18 милиони евра

Петте најголеми комерцијални телевизии кои емитуваат програма на државно ниво преку оператор на дигитален терестријален мултиплекс (Сител, Канал5, Алсат, Алфа и Телма) во текот на 2016 година оствариле вкупни приходи од 1 101 074 585 денари или “преведено“ во евра – 17 903 651.

Ова го покажува анализата на Маркетинг365 кој ги анализираше завршните сметки на главните чинители во македонската медиа-маркетинг сцена.

Најдобар финансиски резултат од споменатите пет телевизии остварила ТВ Сител, со вкупни приходи од 473 277 755 денари (7,6 милиони евра) и добивка од 32 378 998 денари (526 487 илјади евра).

Овој вкупен збир на приходи на петте најголеми комерцијални телевизии претставува намалување од 196 771 705 денари споредено со претходната 2015 година кога вкупно биле остварени 1 297 846 290 денари (21 милион евра).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365