Викаат била популарна меѓу маркетерите :)
Одамна, многу одамна не сме имале прилика да пишуваме за македонска друштвена игра. Ако и Вам Ви е преку глава од online дружењето и интернет игрите…..сега добивме одличен повод за дружба “во живо“ Made in Macedonia.
Повеќе нема грижи каква забава да огранизирате во слободните викенди – сега го имате Пијопол, друштвена игра која ќе го претвори вашето дружење во незаборавно искуство и ќе создаде интересни ситуации кои долго ќе се прераскажуваат.
Неговите специфични задачи поставени на 40 полиња од таблата и на 36 картички се создадени за интеракција и поттикнување на позитивното расположение помеѓу играчите на било која забава, како и создавање помалку пријатни, скокотливи и смешни ситуации.
Играта е наменета за три до шест играчи, а најидеално е да се игра во мешано друштво, за во потполност да се доживее сета магија што ја нуди Пијопол.
Во соседството, особено во Хрватска (Drinkopoly) и Србија (Cugopol), но и пошироко во земјите од светот ваквите игри се многу популарни помеѓу младата популација и високо котираат на пазарот на друштвени игри.
„Пијопол“ е првата и единствена друштвена игра на пазарот од ваков тип во Македонија и е потполно македонски производ, почнувајќи од дизајнот, па се до финалниот призвод.
Претворете ја оваа зима во зима за паметење, луди забави и (не)заборавни доживувања!
#Пијопол ве очекува на официјалната веб страна, Facebook фан страна, како и на Instagram и Twitter профилите.