По повод 3 години ЏаБест на македонскиот пазар, телекомуникацискиот оператор ОНЕ ги наградува сите свои припејд корисници, воведувајќи ја досега најатрактивната промоција во припејд сегментот. Веќе од денес, сите ЏаБест, но и ОНЕ припејд корисници ќе можат да ја активираат роденденската промоција и за своите 100 денари да добијат 400 денари, односно четирипати повеќе кредит за користење.
Со промоцијата секој припејд корисник ЏаБест и ОНЕ кој има најмалку 100 денари на својата сметка, може да ја активира оваа понуда и за 100-те денари да добие дури 400 денари кредит.
Доделениот кредит од 400 денари корисникот може да го користи во период од 10 дена за речиси сите услуги што ОНЕ ги нуди на своите при-пејд корисници: разговори кон сите мрежи, SMS, MMS, интернет и неделни и месечни пакети за разговори и интернет од актуелната понуда на ОНЕ.
Понудата е достапна за сите при-пејд корисници на мобилната телефонија на ОНЕ и ЏаБест и истата може да се активира на секои 10 дена, со јавување на бесплатниот број 1450, испраќање SMS на бесплатниот број 181 со текст “400 START” или во сите продажни места на ОНЕ.
“Ние во ОНЕ сме особено горди на ЏаБест. Три години по лансирањето ЏаБест незапирливо го освојува пазарот, неговата платформа секојдневно расте, а во ЏаБест друштвото се сите оние кои успеаја да ги препознаат неговите единствени придобивки и оригиналноста на брендот. Денес, да се биде ЏаБестер е “ИН” бидејќи ЏаБест не е само бренд туку и тренд меѓу младите, стил на живот и припадност и синоним за успешен бренд”, изјави Виктор Доневски, Главен маркетинг директор во ОНЕ.
Инспириран од комуникациските навики и животниот стил на младите, ОНЕ го лансираше ЏаБест на 23 мај, 2012 година, како нов и иновативен при-пејд производ наменет за младата популација, но и за сите оние кои се чувствуваат млади во духот. Три години подоцна ЏаБест е асоцијација за најдобра и најевтина комуникација која ги задоволува и најспецифичните комуникациски потреби на младите.