Еден од водечките економско-информативни портали на македонското интернет небо “Фактор.мк“ (www.faktor.mk) денеска прославува три години постоење.
Во овој кус период, “Фактор“, успеа да се наметне како еден од најпрофесионалните медиуми кој будно ги следи сите економски и политички случувања во земјава и светот и преку бројни анализи, истражувања и ексклузиви на читателите да им понуди релевантни информации кои ќе им бидат од корист во нивниот секојдневен живот и нивните бизнис напори.
“Конзистентната уредувачка политика, квалитетот на понудените содржини, како и професионалниот пристап кој го имаме кон публиката и клиентите се главните одлики по кои сме препознатливи во изминатиот период од нашето формирање. Сега имаме веќе изградена и таргетирана публика, со дневна продукција на квалитетни вести, анализи, колумни, со клиенти од најразличен профил, меѓу кои се вбројуваат и најголемите компании во земјата, но и средни и помали, а толку значајни бизниси во македонската економија. Побрзо растевме отколку што проектиравме, што е дополнителна потврда дека не погрешивме во првичниот концепт за тоа како треба да изгледа еден сериозен економски информативен портал “ – вели Д-р Крсте Шајновски, во својата денешна колумна на порталот.
Маркетинг365 им го честита роденденот на колегите од Фактор.мк и им посакува уште многу години, квалитетни статии, бројна публика и секако….многу огласувачи :)