Американското филмско студио “Paramount pictures“ се извини заради плакатот за филмот “Нинџа Желки“ бидејќи било реагирано дека алудирал на терористичките напади на САД кои се случија на 11 септември 2001, објави синоќа BBC.
Над текстот со кој се најавува почетокот на прикажувањето на филмот во Автстралија од 11 септември, постерот прикажува млада нинџа како скока од запален облакодер во Њу Јорк.
После бројните критики, постерот е тргнат од Твитер и Фејсбук профилите и испратено е соопштение во кое организаторот жали за несреќното комбинирање на датумот и постерот.