Минатата година, локалните власти на шпанскиот регион Андалузија лансираа туристичка кампања која го привлече вниманието на светската креативна јавност. Кампањата насловена „Андалузиска затресканост“ (“Andalusian Crush”) тогаш беше проследена со нарација на холивудскиот актер Питер Динклиџ, кој што ги предупредуваше гледачите за емоционалните „опасности“ што произлегуваат од посетата на Андалузија.
Оваа година, Андалузијците го преставија вториот дел од кампањата, повикувајќи нè едноствано да се „предадеме“ на културната големина и наследство на регионот. Новата реклама, насловена “The Surrender” („Предавање“), е проследена со музика и нарација од прославениот филмски композитор Ханц Цимер.
Вториот спот се надоврзува на стилот на првиот, со револуционерна и авангардна естетика. Во рекламата се раскажува за историјата, уметноста и културата на Андалузија, создавајќи сонишна атмосфера која комбинира препознатливи знаменитости на регионот со вистински историски ликови кои не можеле „да ја издржат“ неговата културна големина.
„Она што Андалузија ве предизвикува да го чувствувате е непобедливо. Секој што ја запознава се предава на нејзината големина… дури и познатиот музичар Ханс Цимер“ – стои во едноставниот опис на краткиот филм.
Кампањата се спроведува во соработка со креативната агенција Ogilvy.