Во неделата беше емитувана првата епизода од новата и последна сезона на најпопуларната играна серија во светот „Game of Thrones“. Колку всушност е популарна серијата говори и фактот дека има остварено комерцијално партнерство за лиценцирани производи со преку 100 брендови ширум светот – повеќе од која било друга телевизиска серија или емисија во историјата.
Во продолжение Ви претставуваме дел од кампањите на овие брендови, ласнирани по повод новата сезона.
Adidas
Модел на патики во различни бои инспирирани од Game of Thrones.
Црвен Крст
Кампања за поттикнување на крводарителството.
Mountain Dew
Лимитирана едиција на лименки со листата на Арја Старк. Повеќе за кампањата тука.
Oreo
Колачиња со грбовите на различните семејства од Game of Thrones. Повеќе за кампањата тука.
Ommegang Brewery
Ново пиво „For The Throne“ со 9,5% алкохол.
For The Throne, our latest @GameOfThrones-inspired beer, launches this Friday at the brewery mercantile in Cooperstown & nationwide in early April. A strong golden ale co-fermented with grape juices, For The Throne is fit for royalty. https://t.co/XkotmaeH4O #ForTheThrone pic.twitter.com/GjbPK1glMl
— Brewery Ommegang (@BreweryOmmegang) March 14, 2019
Американска бејзбол лига
Фигурини кои ја комбинираат Game of Thrones со маскоти на бејзбол тимови.
AT&T
Телекомуникациска компанија која ги преуреди своите главни продавници во Бостон, Чикаго, Њу Јорк и Сан Франциско во стил на Game of Thrones.
Bud Light
Супербол реклама на пивскиот бренд во која ги соочува Грегор „The Mountain“ Клегејн со Bud Knight (Витезот Бад).
John Varvatos
Дизајнерска облека инспирирана од Game of Thrones – Кожна јакна од Винтерфел за 2,698 долари, јакна од коноп за 1,698 долари и јакна од лен за 1,498 долари. И секако серија маици од по 100 долари.
MeUndies
Долна облека со змејови.
Urban Decay
Шминка која доаѓа со четки обликувани како мечови.
Johnnie Walker
Виски за бели шетачи. :)