Изборот на најдобрите рекламни проекти во регионов, меѓу сите пријавени проекти на BalCannes, и оваа година ќе биде направен од жирито кое го сочинуваат угледни регионални професионалци кои претставуваат медиуми кои одблиску ја следат маркетинг индустријата.
Оваа година со жирито ќе претседава Борис Ефтимовски, основач на македонскиот маркетинг портал Маркетинг365 и маркетинг-директор во SunWireless.
Останати членови на жирито се и : Ивана Парчетиќ-Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreza од Србија, Марјан Новак, директор и главен уредник на Marketing Magazin од Словенија, Екрем Дупановиќ, издавач и главен уредник на Media Marketing од Босна и Херцеговина како и Иван Брезак Бркан, интернет стратег, како и основач и главен уредник на Netokracija.
Повеќе информации за пријавувањето и роковите на BalCannes можете да погледнете на следниов линк: http://balcannes.com/