Новиот Ford Focus пристигна во салонот на Ми-Да Гранд Моторс. Откако пред неколку месеци ја имаше светската премиера, новиот адут на Ford во Ц-сегментот на возила, Ford Focus сега e достапен и за македонските купувачи. Компанијата Ми-Да Гранд Моторс, овластениот увозник за Ford возилата во Македонија, го донесе првиот примерок од моделот на Ford Focus и истиот од денес е изложен во продажниот салон во Скопје.
Новиот Ford Focus е семеен автомобил со средна големина кој нуди најмногу простор досега.
„Салонот на Ми-Да Гранд Моторс е отворен да се погледне автомобилот и да се покажат најдобрите перформансите на возилото на иднината. Станува збор за ново ниво на интелигентен дизајн, карактеристичен модерен стил и повеќе простор. Новиот модел е дизајниран да создаде и елегантна и спортска слика, но и форма преку која се подобрува аеродинамиката“, велат од Ми-Да Гранд Моторс.
Новата технологија што е вградена помага и им олеснува на возачите при возењето и застанувањето во сообраќајот, да можат да гледаат појасно во мракот, да паркираат со помош на копче и да избегнуваат несреќи. Возилото поседува адаптивен темпомат со stop-and-go функција, систем кој го држи растојанието во однос на возилото пред нас. Тука е и подобрениот систем за осветлување со автоматско прилагодување пред возилото да влезе во кривина, да се доближи до раскрсница или кружен тек. Наместо само да се потпира на движењето на воланот од страна на возачот, Lane-Centring системот користи и предна камера за следење на лентата во која автомобилот се наоѓа, со прегледност до 65 метри пред него. Speed Sign Recognition системот пак внимава на брзината со која што се движи автомобилот и знаците за дозволена максимална брзина.
Во новиот Ford Focus е вградена технологија која го подобрува искуството на возачот. Автомобилот е опрeмен со напредни карактеристики, како Форд Ко-Пилот 360.
Ми-Да Гранд Моторс Ве очекува во својот салон.
комерцијален текст