Home » Extra 5 » Утопија во пракса – прво кафуле-задруга (Co-op café) во Македонија

Утопија во пракса – прво кафуле-задруга (Co-op café) во Македонија

Во старата битолска чаршија, на 24 мај со почеток во 20 часот, со музички настап на Фанк Шуи и Фолтин ќе се отвори првото кафуле-задруга во Македонија. Целта на оваа инцијатива е преку здружување на поединци во форма на задруга, да се креира место, простор, кафич, или социјален центар, кој ќе ја негува алтернативната култура во градот.

Зад ваквата иницијатива стојат група ентузијасти од Битола, кои сакаат да креираат и да заживеат едно нетипично кафуле, кое нема да го компромитира квалитетот на музиката и настаните кои таму ќе се одржуваат, поради логиката на профитот. Па така, целта на задругата не е да оствари профит, туку да постигне самоодржливост. А доколку во некој момент остварува профит, задругарските правила велат тој да се вложува во организирање на најразлични културни настани кои ќе бидат поголеми и поквалитетни.

Алтернативната култура во овој простор ќе се промовира преку  организирање на најразлични настани: свирки на авторски бендови, изложби, промоции на книги, проекции на филмови, дискусии и сл.

Визијата на АРТИКУЛТУРА е таа да стане собиралиште на прогресивната младина во Битола и место каде што секој ќе се чувствува слободно, и никој нема е биде суден поради својот изглед, начин на облекување или сексуални преференции. Место каде што човек ќе може да најде истомисленици со кои заеднички ќе креира нови иницијативи, базирани на заеднички вредности (што и да се тие). Со взаемно помагање. Со разбирање. Без наметнати авторитети и хиерархија. За јака алтернатива и за убај деца. И за Битола, на крајот на краиштата!

Остварувањето на оваа идеја немаше да биде можно без силната поддршка и солидарност од заедницата, која на пример, ни помогна еден средновековен тоалет да го претвориме во мозаик од најразлични плочки кои ги добивме како донација. Изразуваме благодарност до сите кои помогнаа со разни донации за опремување на просторот, како и до сите оние кои придонесоа со своето време, труд, енергија, идеи и креативност.

Локацијата на просторот е во старата битолска чаршија, поточно карши Аврата, а отворањето е закажано на 24 мај (среда), со почеток во 20ч. Поддршка на иницијативата преку целовечерен настап ќе даде скопскиот бенд Фанк Шуи, додека краток настап ќе имаат и Фолтин. Следната вечер, односно четврток, на програмата е астро-забава, на која ќе и претходи предавање на скоро-па-дипломираниот теориски физичар Марко Шунтов и изложба на ретро постери инспирирани од Советската вселенска програма, дизајнирани од Зоран Кардула.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365