Home » #M365Voice » PR Voice: Снежана Гиевска (Навигаторс)

PR Voice: Снежана Гиевска (Навигаторс)

Снежана Гиевска (Навигаторс)

M365: Како ја оценувате 2018 за вашта ПР агенција? Што е она по што ќе ја паметите најмногу?

Водејќи се години наназад, како комплетна слика за пазарот на ПР услуги во Македонија, можеме генерално да заклучиме дека пред сè комуникацијата е круцијален сегмент во секој бизнис кејс, од микро па до макро менаџмент, независно за каков тип на производ или услуга станува збор. Навигаторс со своето 12 годишно искуство на пазарот, во изминативе две години го прошири својот сегмент на услуги до клиентите. Тргнувајќи од овој факт, успешноста на 2018 е со голем предзнак за успешност и во 2019. Турбулентното однесување на пазарот, експертизата со која се здобивме градејќи ги новите сектори, допирот до секој клучен и одлучувачки фактор, само не поттикна 2018 да ја паметиме по создавањето на наш производ кој на FMCG пазарот ќе го презентираме во слатка и полна со предизвици 2019 година.

M365: Како гледате на симбиозата помеѓу ПР професионалците и новинарите во Македонија?

Нема да се навратиме многу, само десетина години наназад, кога во Македонија имаше еден поинаков медиумски простор. Телевизии и радија малку на број, меѓутоа со содржина која сеуште не држеше пред малите екрани или пак пред радио приемниците, период кога секој работен ден ни започуваше со прелистување на дневните весници, кога соопштенија за јавност праќавме по факс. Тогаш можеби можеме да се потсетиме за тоа што значеше вистинскиот однос помеѓу ПР професионалците и новинарите. Денес, благодарение на тој нераскинлив однос што со години го градиме со новинарите, ни остава простор, доверба и кредибилитет во овој турбулентен On-Line свет каде сите новинари, па и ПР професионалци си останавме на истата работна позиција, но го сменивме “работното место”. Принципот на работа не е “врска од интерес”, принципот на работа е заедничко постоење на медиумите, новинарите и ПР професионалците со една цел, информирање на јавноста.

M365: Што е она што најмногу Ви смета како пракса на медиумите во Македонија?

Оние кои ме познаваат, го знаат и мојот став во врска со “стандардизираниот” однос на медиумите кон ПР и Маркетинг Агенциите. Меѓутоа, секој кој е “вешт на јазик, знае и како изџвакана инфомација која содржи комерцијална вредност, во добра соработка со медиумите и прикажување на вистинската вредност на истата, нема да има проблем да биде пласирана во медиумите за да стигне до читателите односно да се изразам ma(r)kea-thing-шки, да стигне до поголем број на импресии. Да, честопати во нашите кругови ќе се чуе муабет, мораш да имаш закуп за сè да биде полесно, но мојот став е, од ништо направи повеќе.

M365: Која е Вашата желба за 2019 година за комуникациската индустрија во Македонија ?

Прашањето е да бидеме скромни или пак да бидеме реални? :)

Комуникациската индустрија како таква која е присутна на пазарот кај нас, дефинитивно бележи прогрес во смисла на сè поедуцирани кадри, но и на оние кои прв пат се соочуваат со дел од ситуациите кои не “снаоѓаат” нас ПР професионалците на дневна основа. Желбата е голема, но не и нереална: сериозност и сериозен пристап на агенциите, но и на клиентите, вреднување на сечиј труд, време и ресурси, вреднување на новинарското перо и нивните ставови, но и да се врати ЗОЈМ во функција, така ќе имаме повеќе време и место да си ги поправиме недостатоците и да ја зголемиме успешноста на индустријата воопшто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365