Во сабота на 07 февруари со почеток од 17 часот и 30 минути на програмата на Ал Џезеира Балкан премиерно ќе биде емитуван документарец посветен на една од најголемите балкански музички звезди, прерано починатиот македонец Тоше Проески.
Емисијата насловена како “Шест часа до небото“ ќе се обиде да направи досега најцелосен осврт врз ликот и делото на Проески.
Ал Џезеира Балкан е дел од Ал Џезеира Нетворк една од најголемите медиумски групации во целиот свет, емитувајќи емисии, вести и актуелни содржини на сите локални јазици во регионот, вклучувајќи информации од БиХ, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија и Косово. Следејќи ја традицијата на независно новинарство по кое е позната Ал Џезеира, телевизијата се обидува да биде клучен извор на меѓународни и регионални вести.