Home » Extra 5 » Сојузот на Ротари клубови на Македонија и Екоцентар 97 со заеднички проект

Сојузот на Ротари клубови на Македонија и Екоцентар 97 со заеднички проект

На иницијатива на Сојузот на Ротари клубови на Македонија, во соработка со Екоцентар 97, компанија за откуп, собирање и примарна преработка на отпад од метали, покренат е проект за собирање на електричен и електронски отпад и негово понатамошно рециклирање.

Оваа акција во која се вклучуваат сите Ротари клубови во Македонија се спроведува како заеднички еколошки проект на цела територија на Македонија и ќе креира модел за генерирање на средства кои понатака би се вложувале во проекти за заштита на животната средина.

СРКМ и Екоцентар 97

Голем дел од нашите активности се насочени кон поддршка и подигнување на јавната свест, креирање на чувство на одговорност на граѓаните и компаниите кои веруваме дека ќе го увидат бенефитот од правилното третирање на електричниот и електронскиот отпад и заштитата на животната средина. Ги повикуваме сите компании и поединци да се вклучат во оваа акција која веруваме дека ќе обезбеди трајни подобрувања, ефективни резултати и одржливи придобивки за општеството“ – изјави Владо Момировски од Екоцентар 97.

Активностите на сите Ротари клубови и глобално и локално се насочени кон обезбедување на хуманитарен сервис, промовирање на високи етички стандарди и поддршка во справување со сите социјални, еколошки и здравствени предизвици, подготвени на поголема одговорност,  промовирање на одржливи методи и градење на партнерски односи со министерствата и локалната самоуправа за остварување на националните цели за постапување со е-отпадот отпадот.

Во оваа акција се регрутирани сите управители или сопственици на компании што се дел од мрежата на Ротари, кои сакаа да ја искористат можноста да бидат лидери во имплементирање на  Законот за управување со електрична и електронска опрема, минимизирајќи го негативното влијание на е-отпадот врз животната средина и давајќи пример за општествена одговорност и придонес  на чиста и здрава животна средина.

Секоја активност на поединците и на компаниите треба да биде планирана и спроведена на начин што предизвикува најмало можно влијание и што претставува најмал ризик по животната средина, по здравјето на граѓаните и по опстанокот на живиот свет. Нашата цел е што поорганизирано и што помасовно собирање на електричниот и електронски отпад во насока на поголема грижа за природата, која перспективно ќе ни врати на ист начин“ – изјави Аница Палацо претставник на Сојузот на Ротари клубови на Македонија.

Во овој проект се вклучени сите Ротари клубови од Скопје, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Неготино,  Кавадарци, Кочани, Виница, Велес и Куманово, но и сите други градови каде нема Ротари клубови.

Според истражување од Универзитетот на Обединети нации секоја година на глобално ниво се генерираат околу 42 милиони тони на електричен и електронски отпад (е-отпад). А како резултат на поголемата употреба и пократок животен век на производите, е-отпадот е еден од најбрзо растечките сегменти на отпад. Електронскиот и електричниот отпад  не се комунален отпад, туку  опрема што ја создаваат домаќинствата и правните субјекти, а содржи најразлични токсични материи од типот на олово, жива, фреони, кадмиум и други штетни елементи што неповолно влијаат по човековото здравје и животната средина.

Од јануари 2012 година Република Македонија има Закон за управување со електрична и електронска опрема и управување со електричен и електронски отпад, кој покрај другото го регулира и начинот на собирање, третман, преработка и отстранување на отпадната електрична и електронска опрема.

Со оваа акција се предвидува да се соберат околу 100 тона е-отпад, а со субвенцијата по тон отпад ќе се реализираат нови проекти за заштита на животната средина.

  • За повеќе информации околу активностите на Сојузот на Ротари клубови на Македонија на следниот линк: http://formatiraj.mk/
  • За повеќе информации за Екоцентар 97 на следниот линк: http://www.ekocentar97.mk/
  • За повеќе информации за Закон за управување со електрична и електронска опрема и управување со електричен и електронски отпад на следниот линк: moepp.gov.mk

 

Автор Marketing365

Маркетинг365 (М365) е прв македонски портал кој во фокусот ја има маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. Формиран е во 2011 година и во своето досегашно постоење има добиено неколку домашни и меѓународни признанија вклучувајќи ги и “Блог на годината“ (прво место, 2011 и 2015 год.), “Највлијателен балкански блог кој доаѓа од Македонија“ (прво место 2012) и “Најдобар бизнис-информативен веб сајт“ (второ место, 2014). Почнувајќи од февруари 2015 година, Маркетинг365 е официјален претставник во Македонија на најпознатиот светски креативен фестивал Cannes Lions. Тимот на М365 го сочинуваат активни професионалци од маркетинг, медиа и ПР индустријата во Македонија. e-mail : contact@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365