Ељмедин Адеми од „Скрин медиа” и Владимир Јосифовски од „Кала плакат” се најдоа во изборот на најдобрите претприемачи годинава на манифестацијата „Претприемач на годината 2015″ која се одржува во организација на Сојузот на стопански комори (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.
Манифестацијата која се одржа во петокот ги додели наградите за најуспешните претприемачи на мали и на микро претпријатија.
Останати добитници се и Томо Ѓоргиески и Петар Василески од компанијата „Ламинати ком” од Прилеп и Дејан Трајчев од „Дени милк” од Кочани.
Специјалната награда од Министерството за економија, за најдобра жена-претприемач, ја освои Анета Мустафоска од компанијата „Исиглас”.
Данела Арсовска, претседател на ССК, истакна дека претприемништвото е начин на живот, избор, храброст и смелост секој сам да направи исчекор, не чекајќи помош од некој друг: “Остануваме на определбата постојано да ги следиме иновациите и да обезбедуваме поддршка, особено за малите претпријатија, од кои многу успеаја да прераснат во средни, па дури и во големи“