Home » Extra 5 » Сопствениците на две компании за билборди меѓу најуспешните претприемачи годинава

Сопствениците на две компании за билборди меѓу најуспешните претприемачи годинава

Ељмедин Адеми од „Скрин медиа” и Владимир Јосифовски од „Кала плакат” се најдоа во изборот на најдобрите претприемачи годинава на манифестацијата „Претприемач на годината 2015″ која се одржува во организација на Сојузот на стопански комори (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија, Стопанската комора на северозападна Македонија и Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење.

pretpriemaci-na godinata 2015

Манифестацијата која се одржа во петокот ги додели наградите за најуспешните претприемачи на мали и на микро претпријатија.

Останати добитници се и Томо Ѓоргиески и Петар Василески од компанијата „Ламинати ком” од Прилеп и  Дејан Трајчев од „Дени милк” од Кочани.

Специјалната награда од Министерството за економија, за најдобра жена-претприемач, ја освои Анета Мустафоска од компанијата „Исиглас”.

Данела Арсовска, претседател на ССК, истакна дека претприемништвото е начин на живот, избор, храброст и смелост секој сам да направи исчекор, не чекајќи помош од некој друг: “Остануваме на определбата постојано да ги следиме иновациите и да обезбедуваме поддршка, особено за малите претпријатија, од кои многу успеаја да прераснат во средни, па дури и во големи“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365