Home » Extra 5 » Стимуланс за занаетчиите и креативците – “Базар викенд“ во јавна соба

Стимуланс за занаетчиите и креативците – “Базар викенд“ во јавна соба

По успешното завршување на Неделата на дизајн во Скопје, фокусот од дизајн и индустриско производство се префрла на занаетчиството, ракотворбите, односно целокупната креативност изразена преку вешта мануелната изработка на домашните мајстори. Јавна соба во соработка со МАТА го најавуваат првиот предновогодишен базар кој ќе се оджи на 5 и 6 декември, во центарот за дизајн во Скопје.

Collage Bazaar weekend

Оваа викенд понуда опфаќа презентација на вештините на производителите на накит, ракотворби, облека и декоративни предмети. Целиот овој занаетчиски асортиман ќе биде претставен по многу поволни услови, што значи дека големиот попуст ќе биде главна награда за сите посетители, а за сето тоа комплетно да се затвори како успешна викенд приказна, организаторите веќе работат напорно да се обезбеди доволно греано вино, кафе, чај и забава.

Веќе подолго време изложени сме на голем притисок од страна на занаетчиите, изработувачите на накит и модните дизајнери, да организираме настан на кој нивните производи ќе добијат централно внимание. Станува збор  за многу креативни и вешти луѓе од различна старосна структура кои прават изненадувачки добри работи со своите две раце. Сé она што ниедна машина не може да го направи, тие можат! Производите се создадени со голема умешност, многу часови работа и огромна доза на креативност, па затоа и се одлично прифатени од купувачите. Поканивме 20 креативци со врвен асортиман и знаме дека публиката ќе биде позитивно изненадена.” – велат организаторите.

Влезот е слободен за сите посетители, а работно време на викенд базарот е од 10:00 наутро до 21:00ч навечер. Јавна соба е дом на сите креативци кои сакаат и умеат да пласираат вистински вредности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365