Авалон продукција денеска “испрати“ новогодишна честитка до сите македонски љубители на добрата музика со својата најава дека во 2019-година, Скопје ќе биде повторно домаќин на еден од најдобрите светски изведувачи Стинг.
Во рамките на турнејата „My songs“, која во суштина претставува „best off tour“, Стинг во Скопје на 2 Јуни 2019, ќе понуди едно несекојдневно и динамично шоу, фокусирајќи се на неговите најдобри песни од ерата на „Police“ и од соло-кариерата.
„Englishman in New York“, „Fields of gold“, „Shape of my heart“, „Every breath you take“, „Roxanne“, „Message in a bottle“ се само некои од легендарните песни што ќе можат повторно да се слушнат вечерта во Скопје.
Тоа што е интересно е дека овај концерт е планиран да се одржи на стадионот Телеком Арена во Скопје што воедно ќе биде и прв ваков концерт со мега-звезда од светски рамки во Македонија.
Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба в среда (19 декември) во 9 часот наутро.