Водечката светска компанија за бои PANTONЕ ја објави бојата за 2019 година: „Living Coral“ или „PANTONE 16-1546“.
Според нив, нежната, жива и топла боја со себе носи чувства на пријателство, блискост и сигурност, евоцирајќи ги живите морски корали кои овозможуваат засолниште и храна за голем број на живи суштества.
За разлика од минатогодишната интензивна „Ultra Violet“, која навестуваше комплицирани и несигурни времиња, „Living Coral“ дава надеж дека 2019 ќе биде година на релекасирање на затегнатите состојби во општеството.
Бојата „Living Coral“ треба да донесе и чувство на автентичност во свет кој е „потопен“ во социјални медиуми и дигитални технологии.
Изборот за „боја на годината“ од страна на PANTONE започна во 2000 години, со цел предвидување на трендовите во употребата на бои во глобалната култура како „израз на ставовите и емоциите на луѓето во дадена година“.