Home » Extra 5 » Трамп исчисти првутка од Макрон – Head & Shoulders го искористи за реклама

Трамп исчисти првутка од Макрон – Head & Shoulders го искористи за реклама

Не секој ден шампон за првут се наоѓа на насловните страници, но Head & Shoulders ја искористи дадената можност да го промовира својот производ после виралното ширење на „чудната“ интеракција помеѓу американскиот претседател Доналд Трамп и претседателот на Франција Емануел Макрон за време на неговата посета на Белата Куќа.

Имено, додека двата претседатели се наоѓаа во Овалниот кабинет во вторникот, пред вклучените камери, Трамп изјави дека претседателот на Франција Емануел Макрон има првутест скалп, по што со прст исчисти една првутка од неговото сако. Францускиот претседател најпрвин изгледаше изненаден, по што почна да се смее, се погледна надолу и го истресе своето палто.


Луѓето веднаш почнаа да го исмеваат овој момент помеѓу двата претседатели, а некои предложија дека потегот бил како од реклама на Head & Shoulders. Од компанијата веднаш ја препознаа оваа можност за маркетиншка промоција и делуваа – Twitter тимот на Head & Shoulders објави видео од кутија полна со шампони и регенератори за коса адресирана до Француската амбасада:

Иако маркетиншкиот потег на Head & Shoulders беше примен со мешани чувства од страна на корисниците на социјалните медиуми, видеото доби голем број на интеракции и се најде во повеќе медиумски прилози.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365